Кузмановски: Можеби очекувавме повеќе, но треба да сме среќни со победата

Македонија ја победи Романија со 24-23 во третото коло од Европското првенство и остана теоретски во игра за место во ТОП 12.

Сега Данска мора да ја совлада Португалија со 18 или повеќе разлика за да оствари посакуваното сценарио, но тоа тешко дека ќе се случи.

Капитенот Филип Кузмановски го сумираше настапот на континенталниот собир.

„Треба да сме задоволни со победа на ЕП. Можеби очекуваме повеќе, поквалитетни сме од резултатот, но во вториот дел влеговме со притисок за да бркаме разлика за да дојдеме до главната фаза. Не успеавме во тоа, треба да бидеме свесни дека имаме квалитет за нешто повеќе и мислам дека заслуживме да бидеме во главната фаза. Горд сум на момците, одигравме уште еден добар меч, покажавме дека веруваме во себе и оваа генерација ветува многу за иднината. Тоа треба да го покажеме на теренот. Да победевме со поголема гол-разлика, ќе се надевавме на нешто, но вака ќе уживаме во мечот и треба да бидеме среќни со победата. Фала за цела Македонија, за навивачите. Одиме понатаму“, изјави Кузмановски.