, North Macedonia vs Romania, EHF Men's Euro 2026, Herning, Denmark, 20.01.2026, Mandatory Credit © Eva Manhart / kolektiff

Македонија со предност од четири голови против Романија на полувреме

Во последното коло од групата Б Македонија има предност од четри голови по првите триесет минути во дуелот со Романија,13-9. Македонија одлично го отвори натпреварот имавме 4-0 откако Романците мака мачеа во организација на нападот. Нашата одбрана беше подвижна и компактна, а единствено голманот Попеску не дозволи разлика да порасне на посакуваната висока разлика. Во средина на првиот дел Романците се консолидираа, ја преполовија предноста на Македонија и успеаа да се задржат во игра до самиот крај на првото полувреме. Финишот на полувремето Македонија го искористи да ја зголеми разликата на плус пет 12-7, во 28 минута. Сепак две грешки на македонскиот напад ги вратија надежите на романските ракометари кои намалија два гола од високата предност на Македонија 12-9. Во последната минута пред паузата одличен цепелин со гол го круниса Костески за 13-9.

Mandatory Credit © Eva Manhart / kolektiff

На Македонија и треба висока победа и висок пораз на Португалија против Данска, за да го анулира гол количникот со Португалија и обезбеди пласман во втората фаза.