Најдобриот германски ракометар „удри“ по селекторот Гисласон

Иако водеа со четири гола во повеќе наврати, Германците се на работ на елиминација од Европското првенство.

Загубија од Србија со 30-27, а можеби клучен момент беше тајм-аутот што го побара Алфред Гисласон при негатива 27-26. Тогаш прекина акција на неговите момци која заврши со гол на Јури Кнор.

Средниот бек имаше епизодна улога во вториот дел и имаше замерки за селекторот Гисласон по мечот.

„Секако дека вриете одвнатре додека седите на клупата, а знаете дека можете да му помогнете на тимот на теренот. Сега мораме да ја победиме Шпанија, но не можеме да го сториме тоа ако поединци играат цели 60 минути. Не може тоа така. Згора на тоа имаме осцилации во играта. Имаме добри фази, а потоа се појавува некаков страв. И покрај се мора да се кренеме и да веруваме во својот квалитет“, изјави Кнор.

Србија ќе игра со отпишаната Австрија во последното коло, а Германија ќе се соочи со Шпанија.

🎥 Германско „самоубиство“ – грешка што ќе го прогонува Гисласон засекогаш