Македонската репрезентација денеска го игра натпреварот што ќе одлучи дали ќе продолжат шансите за главната рунда на Европското првенство или ќе мора да се планира патот за дома.
Противник на Македонија ќе биде силната Португалија, полуфиналист на минатото СП, со вонсериските браќа Мартим и Франциско Кошта, Салвадор Салвадор…
Победа на нашите репрезентативци ќе биде еднакво на сензација, каква што досега немаше на ЕП, иако на пример Србија ја совлада Германија и можеби ја отпиша од битката за втор круг.
Селекторот Кирил Лазаров има уште два адути во ракавот – Никола Митревски и Жарко Пешевски, кои не играа против Данска и денеска би можеле да бидат спремни. Митревски добро ги познава Португалците, што би можело да биде плус за нашата селекција.
Во вториот натпревар Данска е огромен фаворит против Романија, а интересно ќе биде во групите во Осло и во Кристијанштад каде на програмата се уште четири натпревари.
ДЕНЕСКА НА ЕП:
18:00 МАКЕДОНИЈА – ПОРТУГАЛИЈА
18:00 ЦРНА ГОРА – ФАРСКИ ОСТРОВИ
18:00 ПОЛСКА – ИСЛАНД
20:30 ИТАЛИЈА – УНГАРИЈА
20:30 РОМАНИЈА – ДАНСКА
20:30 ШВАЈЦАРИЈА – СЛОВЕНИЈА

























