Селекцијата на Унгарија прослави очекувана победа над Полска со 29-21, додека возбудливо беше на пресметката меѓу Фарски Острови и Швајцарија, која беше решена во последните секунди и заврши реми, 28-28.
Фараните иако имаа удобна залиха од седум гола, 20-13, дозволија противникот да се врати во игра и да израмни, а во финишот и да поведе, откако голманот Портнер фати шут на Скипаготу. Швајцарците водеа со 28-27, имаа и напад по минутата одмор на Шмид, но Јакобсен одбрани и неговите соиграчи тргнаа во напад за реми.
На десетина секунди до крајот Фарски Острови организираа напад и иако личеше на фаул во напад, сепак погоди Поулсен во швајцарската мрежа за голема радост на Фараните. Швајцарија даде погодок на празен гол, но топката влезе во мрежата по истекот на време и одново почна радоста на Фарски Острови кои освоија вторпат бод во историјата на ЕП.
Избраниците на Чема Родригез уште по првиот дел ја најавија победата против момците на Хота Гонзалез, кога беше 15-11, а второто полувреме исто така го добија со четири гола разлика.
Бодо имаше пет гол за Унгарија, а Имре, Рошта и Фазекаш стрелаа по четири пати, додека блескаше голманот Паласич со 13 интервенции. Кај Полјаците, Олејничак и браќата Гебала дадоа по три гола, а вардарецот Валах запиша шест одбрани, додека Виктор Јанковски заработи црвен картон.

























