Кузмановски: Нема предавање со никого!

Филип Кузмановски денес е едно од најпрепознатливите лица на македонската репрезентација – не само по головите и настапите, туку и по улогата што ја носи како капитен.

Во период кога Македонија влегува во нов европски циклус, неговите зборови ја отсликуваат тежината на дресот, одговорноста кон тимот и емоцијата што ја носи секое излегување на терен под националните бои.

Кузмановски зборува за моментите што го обликувале како играч и лидер, за значењето на заедништвото во силна европска група и за посебната енергија што ја носи репрезентативниот дрес. Неговата перспектива е комбинација од искуство, мотивација и искрена љубов кон играта и државата.

Kапитенот не ветува резултати, но ветува борба, хемија и тим што нема да се предаде – без разлика на противникот и сцената. Тоа е суштината со која Македонија ќе настапи и на Европското првенство 2026.

„Пред сѐ, многу голема одговорност, бидејќи македонскиот дрес има голема тежина и важност, но искрено јас во тоа уживам и сум многу среќен што ја имам таа чест и како капитен да ја претставувам нашата Македонија на најдобар можен начин. Моментот кога ќе почне химната да се пее, да бидам искрен, не можам да објаснам која енергија ја имам. Самото тоа што ја претставуваме Македонија е неспоредливо со ништо друго“, вели Кузмановски.

Како што Кузмановски учеше од Лазаров, Миркуловски, Стоилов…сега помладите учат од него.

„Морам да признаам голема одговорност бидејќи кога ги играме натпреварите од домашното првенство со многу од нив сме противници и нормално секој си ја сака победата па има спортска тензија, но тоа е само таму на терен додека трае натпреварот. Но јас сум тука за секого и секогаш, репрезентацијата е на прво место бидејќи е како семејство за мене. На младите што првпат ќе го носат репрезентативниот дрес им порачувам да уживаат во моментот бидејќи никогаш повеќе нема да имаат прв пат едноставно да се ослободат од тремата притисокот за да имаат убав спомен од првата минута, првиот гол, првата одбрана итн. а значењето и тежината на дресот ќе го сфатат малку покасно“, продолжи Кузмановски.

Македонски навивачи ќе има и во Данска.

„Нивната подршка многу ни значи ми значи и им сум премногу благодарен што секаде се со нас и заедно без разлика од каде доаѓаат и за кого навиваат во првенството. Фалангата ќе биде нашиот осми играч во Данска. За резултат нема да зборувам и да ветувам ама гарантирам и ветувам дека оваа екипа (играчи, стручен штаб,лекарскиот тим…), сите заедно ќе се бориме до последна секунда со сите репрезентации, бидејќи помеѓу нас има страшна тимска хемија големо другарство. Нема предавање со никого“, заврши Кузмановски.

Целото интервју со капитенот Филип Кузмановски, може да го прочитате на следниот линк:

👉 [ЛИНК ДО ЦЕЛОСНОТО ИНТЕРВЈУ]