Костески: Зошто да не пробаме да изненадиме – не смееме да се откажуваме

Еден од најискусните ракометари во националниот тим на Македонија, Никола Костески, по дебито на ЕП 2024, ќе биде дел од репрезентацијата и на ЕП 2026.

Тој смета дека најважни за Македонија ќе бидат дуелите со Португалија и Романија во битката за место во главната рунда.

„Имаме тешка група, првиот меч ни е со Данска. Тука сме да дадеме се од себе, се спремаме за тоа што не чека. Најважни ќе ни бидат дуелите со Португалија и Романија, на тие ќе се бориме за следната фаза. Сакаме да ја поминеме групата, мислам дека овој тим знае како да игра со тешки ривали, па зошто да не пробаме да изненадиме. Не смееме да се откажеме, мора да се покажеме во најдобро светло, треба да покажеме што знаеме и со Данска, како увертира за мечевите со Португалија и Романија“, изјави Костески.

Првиот меч на ЕП, Македонија го игра против Данска утре од 20:30 часот во „Јуске Банк Боксен“.