Македонската репрзентација денеска го стартува настапот на деветтото Европско првенство, а осмо по ред.
Пред дуелот со Данска се потсетуваме на сите досегашни настапи. Дебито на Македонија на континенталните собири се случи во Мерано и Болцано на ЕП 1998 година, каде генерацијата на Пепи Манасков играше против силните Хрватска со Чавар, Русија со Лавров, Шпанија со Душебаев…
Потоа чекавме 14 години до нов настап на ЕП 2012, кога во Србија беше остварен најголемиот репрезентативен успех. Генерацијата на Лазаров беше на чекор до полуфиналето, но на крајот моравме да се задоволиме со петто место и пласман во квалификации за ОИ. На селекторската позиција беше Звонко Шундовски.
Со Ивица Обрван на селекторската позиција игравме на ЕП 2014 во Данска и ЕП 2016 каде завршивме на 10 и 11 позиција. Во Данска на шест меча беше остварен само еден триумф, во Полска ниту еден, но и покрај тоа успеавме да се пласираме во главната рунда.
На 11 место Македонија заврши и на ЕП 2018 во Хрватска. Со Раул Гонзалез како селектор нашата селекција тргна без пораз во групната фаза – ги победи силните Словенија и Црна Гора, а ремизира со Германија, но следуваше потоп во главната рунда и три порази.
Потоа следуваше настапот на ЕП 2020 каде со променет систем на натпреварување и само една победа над Украина, не беше доволно за место во главната рунда. По поразите од Чешка и домаќинот Австрија, Македонија мораше да се задоволи само со 15 место.
Најслабиот пласман во историјата, Македонија го имаше на „корона првенството“ 2022 во Унгарија и Словачка, каде Кирил Лазаров дебитираше како селектор. Три порази од Данска, Словенија и Црна Гора за 22 место.
На ЕП 2024 беше поправен впечатокот и по поразите од силните Германија и Франција, Македонија ја победи Швајцарија во последното коло од групната фаза и успеа да се пласира на 17 место.
Како ќе биде во Данска, Шведска и Норвешка…останува да видиме…
МАКЕДОНИЈА НА ЕП:
1998 Италија 12/12
состав: Пепи Манасков, Стевче Алушовски, Игор Котевски, Александар Зарков, Иван Марковски, Александар Јовиќ, Томче Петрески, Слободан Николиќ, Душан Новокмет, Урош Мандиќ, Горан Андоновски, Кире Поповски, Драган Богдановиќ, Шандор Ходик, Стевче Стефановски, Данило Брестовац
селектор: Ванчо Јовановски
резултати:
група
Унгарија – Македонија 29-20 (Манасков 7)
Македонија – Русија 26-26 (Манасков 12)
Хрватска – Македонија 28-21 (Котевски, Петрески 5)
Македонија – Шпанија 19-26 (Котевски 6)
Чешка – Македонија 38-18 (Новокмет 7)
за пласман 11/12
Италија – Македонија 27-26 прод. (Новокмет 7 )
2012 Србија 5/16
состав: Петар Ангелов, Борко Ристовски, Стевче Алушовски, Дејан Манасков, Златко Мојсоски, Владимир Темелков, Бранко Ангеловски, Филип Лазаров, Велко Маркоски, Ацо Јоновски, Наумче Мојсовски, Филип Миркуловски, Кирил Лазаров, Влатко Митков, Ванчо Димовски, Стојанче Стоилов
селектор: Звонко Шундовски
резултати:
група
Шведска – Македонија 26-26 (Алушовски, Лазаров 7)
Македонија – Германија 23-24 (Лазаров 7)
Чеша – Македонија 21-27 (Лазаров 7)
главна рунда
Данска – Македонија 33-32 (Лазаров 13)
Полска – Македонија 25-27 (Лазаров 9)
Србија – Македонија 19-22 (Лазаров 10)
за пласман 5/6
Македонија – Словенија 28-27 (Лазаров 8)
2014 Данска 10/16
состав: Петар Ангелов, Борко Ристовски, Никола Митревски, Дејан Манасков, Гоце Ојлески, Гоце Георгиевски, Златко Мојсоски, Стојанче Стоилов, Никола Маркоски, Ванчо Димовски, Дејан Пецаковски, Ацо Јоновски, Велко Маркоски, Филип Миркуловски, Никола Стојчевски, Немања Прибак, Кирил Лазаров, Влатко Митков
селектор: Ивица Обрван
резултати:
група
Данска – Македонија 29-21 (Лазаров 7)
Македонија – Чешка 24-24 (Лазаров 12)
Македонија – Австрија 22-21 (Лазаров 8)
главна рунда
Македонија – Унгарија 25-31 (Манасков, Пецаковски 5)
Македонија – Исланд 27-29 (Лазаров 7)
Македонија – Шпанија 22-33 (Миркуловски 7)
2016 Полска 11/16
состав: Борко Ристовски, Даниел Дупјачанец, Гоце Георгиевски, Влатко Митков, Кирил Лазаров, Наумче Мојсовски, Филип Миркуловски, Немања Прибак, Филип Кузмановски, Филип Лазаров, Дејан Манасков, Гоце Ојлески, Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Никола Маркоски, Велко Маркоски, Ацо Јоновски.
селектор: Ивица Обрван
резултати:
група
Франција – Македонија 30-23 (Лазаров 9)
Македонија – Полска 23-24 (Лазаров 8)
Македонија – Србија 27-27 (Манасков 10)
главна рунда
Македонија – Хрватска 24-34 (Манасков 7)
Македонија – Норвешка 31-31 (Лазаров 11)
Македонија – Белорусија 29-30 (Лазаров 10)
2018 Хрватска 11/16
состав: Борко Ристовски, Никола Митревски, Златко Даскаловски, Кирил Лазаров, Филип Миркуловски, Филип Талески, Филип Лазаров, Немања Прибак, Мартин Велковски, Филип Кузмановски, Дејан Манасков, Гоце Георгиевски, Мартин Поповски, Гоце Ојлески, Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Никола Маркоски, Ацо Јоновски, Велко Маркоски.
селектор: Раул Гонзалез
резултати:
група
Македонија – Словенија 25-24 (Манасков 8)
Црна Гора – Македонија 28-29 (Кузмановски 5)
Германија – Македонија 25-25 (Талески 6)
главна рунда
Македонија – Шпанија 20-31 (Манасков, Стоилов 4)
Македонија – Чешка 24-25 (Талески 5)
Македонија – Данска 20-31 (Кузмановски 6)
2020 Австрија/Шведска/Норвешка 15/24
состав: Борко Ристовски, Никола Митревски, Мартин Томовски, Дејан Манасков, Бојан Маџовски, Филип Талески, Филип Кузмановски, Горан Крстевски, Мартин Велковски, Кирил Лазаров, Мартин Серафимов, Марио Танкоски, Марко Мишевски, Гоце Георгиевски, Мартин Поповски, Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Никола Маркоски.
селектор: Данило Брестовац
резултати:
група
Македонија – Украина 26-25 (Лазаров 8)
Чешка – Македонија 27-25 (Лазаров 11)
Австрија – Македонија 32-28 (Стоилов 5)
2022 Унгарија/Словачка 22/24
состав: Мартин Томовски, Градимир Чаневски, Благојче Трајкоски, Никола Митревски, Цветан Кузманоски, Бојан Маџовски, Филип Талески, Филип Кузмановски, Марко Мишевски, Филип Миркуловски, Игор Ѓорѓиев, Марко Митев, Горан Крстевски, Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Костадин Петров, Кристијан Симоноски, Кирил Лазаров, Мартин Велковски, Мартин Серафимов, Ненад Костески, Гоце Георгиевски.
селектор: Кирил Лазаров
резултати:
група
Словенија – Македонија 27-25 (Кузманоски 8)
Македонија – Црна Гора 24-28 (Велковски 6)
Македонија – Данска 21-31 (Пешевски 6)
2024 Германија 17/24
состав: Никола Митревски, Мартин Томовски, Марко Кизиќ, Филип Талески, Филип Кузмановски, Томислав Јагуриновски, Мартин Велковски, Давид Савревски, Иван Џонов, Марко Митев, Игор Ѓорѓиев, Никола Маркоски, Жарко Пешевски, Милан Лазаревски, Едвин Омерагиќ, Ненад Костески, Никола Костески, Петар Атанасијевиќ.
селектор: Кирил Лазаров
резултати:
група
Франција – Македонија 39-29 (Пешевски 7)
Македонија – Германија 25-34 (Костески 6)
Македонија – Швајцарија 29-27 (Костески, Митев 5)

























