Питлик: Македонија ќе даде се од себе против нас

Светскиот и олимписки првак Данска е првиот ривал на Македонијa на претстојното Европско првенство.

Левиот бек Симон Питлик потенцира дека знае за каков ривал се работи и сигурен е дека македонските ракометари ќе дадат се од себе против домаќините.

„Млад и добар тим, со многу квалитетни играчи. Ќе дадат сè од себе за да видат дали можат да ни создадат притисок и да одиграат добар натпревар. Мислам дека ќе биде тешко и се надевам дека ќе одиграме добар меч и ќе бидеме на ниво од самиот почеток. Македонија ќе дадат се од себе“, изјави Питлик.

Данска и Македонија ќе се игра во „Јуске Банк Боксен Арена“ во Хернинг со почеток од 20:30 часот.