Гидсел пред Македонија: Мора да играме брзо, а не да се „тепаме“ со Македонците!

Светскиот и олимписки првак Данска е првата пречка на Македонија на претстојното Европско првенство.

Можеби најдобриот ракометар во моментов во светот, Матијас Гидсел, ја најави првата средба против нашата репрезентација.

„Добро сме подготвени. Знаеме дека репрезентациите од типот на Македонија може да ти направат проблеми. Играат многу физички. Ние сакаме да го држиме темпото високо и да играме побрз ракомет, а не да се „тепаме“ со нив. Ќе биде прв меч, за нас најважно ќе биде да истрчаме, да ги почувствуваме теренот и атмосферата во салата, да ја снема тремата и потоа да се фокусираме на продолжението од шампионатот“, изјави Гидсел.

Натпреварот меѓу Данска и Македонија се игра в петок во „Јуске Банк Боксен Арена“ со почеток во 20:30 часот.