Македонската телевизија ќе ги пренесува натпреварите од Европското првенство што се игра во Данска, Шведска и Норвешка. Покрај стандарните разговори во студиото со стручните аналитичари и вклучувањата од Хернинг, МТВ воведе и една новина.
За првпат во историјата на преносите од големите натпреварувања, националниот сервис ќе има свое студио во салата „Јуске Банк Боксен“ во Хернинг. Покрај ова дел од ракометарите и селекторот ќе бидат „телепортирани“ во студиото во Скопје.
Во посебен дел во салата МТВ ќе има свое „студио“ каде селекторот и ракометари ќе се вклучуваат директно во програмата, а гледачите ќе може да ги видат како да се во студиото во Скопје. Преку слушалки ќе комуницираат со стидиото и ќе одговараат на поставените прашања.
Колегите Бранко Чупески, Горан Стерјов и Југослав Костовски ќе бидат во Хернинг и оттаму ќе ги коментираат натпреварите на македонската репрезентација и останатите натпревари, додека во Скопје ќе бидат Бранко Илиевски, Зоран Видевски и Дамјан Николовски, кои ќе ги водат емисиите од студиото во Скопје и ќе ги коментираат останатите натпревари.
МТВ секој ден пренесува најмалку по три меча од групната фаза на Европското првенство, додека од главната рунда ќе има по три преноси на ден. Вкупно 21 пренос се планирани од групната фаза, додека од главната рунда ќе бидат пренесувани сите 24 натпревари, а потоа и петте од финалниот викенд во Хернинг.
Распоред на преноси/емисии на МРТ 1/3:
14.01.2026
20:15 МРТ1 Емисија ракомет Хернинг – Горан Стерјов / Бранко Чупески
15.01.2026
17:15 МРТ1 Емисија ракомет Скопје – Дамјан Николовски
17:25 МРТ1 Емисија ракомет Хернинг – Бранко Чупески
18:00 МРТ1 Шпанија – Србија – Горан Стерјов
18:00 МРТ3 Франција – Чешка – Зоран Видевски
20:30 МРТ1 Германија – Австрија – Југослав Костовски
16.01.2026
17:15 МРТ1 Емисија ракомет Скопје – Дамјан Николовски
17:25 МРТ1 Емисија ракомет Хернинг – Бранко Чупески
18:00 МРТ1 Португалија – Романија – Горан Стерјов
18:00 МРТ3 Словенија – Црна Гора – Бранко Илиевски
20:30 МРТ1 Данска – Македонија – Југослав Костовски/Горан Стерјов
17.01.2026
17:15 МРТ1 Емисија ракомет Скопје – Дамјан Николовски
17:25 МРТ1 Емисија ракомет Хернинг – Бранко Чупески
18:00 МРТ1 Австрија – Шпанија – Југослав Костовски
20:30 МРТ3 Србија – Германија – Горан Стерјов
20:30 МРТ1 Шведска – Холандија – Зоран Видевски
18.01.2026
17:15 МРТ1 Емисија ракомет Скопје – Дамјан Николовски
17:25 МРТ1 Емисија ракомет Хернинг – Бранко Чупески
18:00 МРТ1 Македонија – Португалија – Горан Стерјов/Бранко Чупески
20:30 МРТ1 Романија – Данска – Југослав Костовски
20:30 МРТ3 Швајцарија – Словенија – Бранко Илиевски
19.01.2026
17:15 МРТ1 Емисија ракомет Скопје – Дамјан Николовски
17:25 МРТ1 Емисија ракомет Хернинг – Бранко Чупески
18:00 МРТ1 Австрија – Србија – Југослав Костовски
18:00 МРТ3 Холандија – Хрватска – Зоран Видевски
20:30 МРТ1 Германија – Шпанија – Горан Стерјов
20:30 МРТ3 Франција – Норвешка – Бранко Илиевски
20.01.2026
17:15 МРТ1 Емисија ракомет Скопје – Дамјан Николовски
17:25 МРТ1 Емисија ракомет Хернинг – Бранко Чупески
18:00 МРТ1 Македонија – Романија – Југослав Костовски/Бранко Чупески
20:30 МРТ1 Данска – Португалија – Горан Стерјов
20:30 МРТ3 Унгарија – Исланд – Зоран Видевски
21.01.2026
17:15 МРТ1 Емисија ракомет Скопје – Дамјан Николовски
18:00 МРТ1 Холандија – Грузија – Бранко Илиевски
20:30 МРТ1 Шведска – Хрватска – Зоран Видевски

























