Седлоска ефикасна, Локомотива Загреб со триумфален старт на 2026

Тимот на Локомотива Загреб, каде што игра македонската репрезентативка Андреа Седлоска, запиша триумф на стартот на 2026 година.

Локомотива Загреб славеше на гостински терен кај Бјеловар со 37-24, а на полувремето гостинските водеа со 19-16.

Седлоска беше меѓу најдобрите ракометарки во победничкиот тим и успеа да постигне четири гола од четири обиди во противничката мрежа.

Локомотива Загреб сега има десет победи на десет меча и 20 бодови, пред Подравка на табелата која има 18 бодови, но и меч помалку.