Македонската репрезентативка Ангела Јанкуловска и нејзиниот тим Славија Прага имаа одличен старт на 2026 година.
Славија Прага победи на гостувањето кај Злин со 30-27 во рамките на 11 коло од регионалната МОЛ лига.
Тимот на Јанкуловска губеше со четири гола во првото полувреме, но во второто полувреме предводен од Македонката направи комплетен пресврт и на крајот запиша триумф.
Јанкуловска постигна шест погодоци, од кои пет во вториот дел и беше втор стрелец во победничкиот состав.
Славија Прага и Јанкуловска сега се на петтото место на табелата со 12 бодови, а во следното коло ќе гостуваат кај Ходонин.
















