Нов проблем за Унгарија – остана без уште едно десно крило

Селекторот на Унгарија, Чема Родригез, има уште еден проблем пред стартот на Европското првенство во Данска, Шведска и Норвешка.

По повредата на Имре Бенце, се повреди и Жолт Краковски од тимот на Ѓер, па Родригез веднаш реагираше и го повика Бенјамин Силаѓ од ПИК Сегед.

Тука е искусниот Педро Алварез од Татабања, а поради повредата на Имре, дополнителен повик имаше и за уште едно десно крило – Тамаш Пап.

Унгарија два пати ќе тестира со Романија пред ЕП, а таму ќе биде во група со Исланд, Полска и Италија во шведскиот град Кристијанштад.