Македонија со 19 ракометари на ЕП во Данска!

Македонската експедиција на Европското првенство во Данска, Шведска и Норвешка, ќе ја сочинуваат 19 ракометари.

Селекторот Кирил Лазаров ќе смета на 19 ракометари на континенталниот собир, а тоа значи дека двајца ќе отпаднат пред патувањето за Винтертур.

Македонските репрезентативци денеска имаат еден, утре два, а задутре ќе го одработат последниот тренинг во Скопје.

Во Винтертур, Македонија ќе одработи еден тренинг на 7 јануари, а на 8, 9 и 10 јануари следуваат пресметките со Бахреин, Украина и Швајцарија.

Потоа следува пат за Хернинг, каде првиот меч е на 16 јануари против домаќинот Данска, додека на 18 и 20 јануари се дуелите со Португалија и Романија.