По две сезони во шпанскиот Ваљадолид, македонскиот интернационалец Мартин Карапалевски ќе го напушти овој клуб.
Карапалевски дојде во шпанскиот состав пред две сезони, откако играше за Вардар и Вардар Јуниор претходно.
Средниот бек од Ресен досега има одиграно 45 натпревари во Асобал лига и во Купот на Шпанија, и постигна 60 погодоци, а допрва оваа сезона го очекуваат уште многу натпревари.
Неговиот договор истекува на лето, тој нема да биде продолжен и двете страни ќе тргнат по свој пат.
























