Селекторот на Хрватска, Дагур Сигурдсон, не го стави кружниот напаѓач Марин Шипиќ на списокот за ЕП меѓу 22 ракометари, но остануваше надежта дека тој ќе може да помогне.
Сепак според пишувањата на „24 Сата“, Шипиќ нема да игра на претстојниот континентален шампионат.
Сигурдсон исто така потврди дека тој нема да стигне навреме да се опорави од повредата на рамото.
Хрватска веќе одигра еден пријателски натпревар против Македонија, а ја очекува двомеч со Германија во Загреб и Хановер пред настапот на ЕП и дуелите со Шведска, Грузија и Холандија.

























