Чесите на ЕП со Мрква, Пирох, Солак…

Селекторот на машката репрезентација на Чешка, Даниел Кубеш, го објави конечниот список на ракометари за Европското првенство во Данска, Шведска и Норвешка.

За разлика од првичниот список на Кубеш, сега на списокот се најдоа и „бундеслигашите“ Мрква и Пирох, како и соиграчот на Мартин Томовски од Битигхајм (Хрдличка), Солак (Ајзенах)…

Чешка веќе одигра еден пријателски натпревар против Алжир, а ја очекува уште еден против Австрија на 6 јануари.

Смената на генерациите во Чешка почна уште пред неколку години, кога се пензионираа Хорак и Галија, па Хрстка и Чип, пивотот Петровски, а на овој список на Кубеш ги нема ниту Томаш Бабак, Роман Бечвар, Станислав Кашпарек…

На ЕП 2026, Чешка е во тешка група со Франција, Норвешка и Украина.