Селекторот на Словенија, Урош Зорман, се најде на големи маки пред Европското првенство во Данска, Шведска и Норвешка.
По Тадеј Кљун, Матиц Грошељ, Миха Зарабец, Митја Јанц, Борут Мачковшек, Блаж Благотиншек, Јака Малус…остана и без услугите на Нејц Цехте за ЕП.
Тој поради семејни причини го откажа настапот на континенталниот собир, па Зорман остана без десни бекови и дополнително го повика Тимотеј Грмшек, а претходно и Андраж Макуц.
Многу веројатно Блаж Јанц ќе игра почесто на десната бековска позиција со Грмшек, а на десно крило ќе останат Тим Цокан и Домен Новак.
Словенија ќе тестира со Кувајт, Франција и Исланд или Австрија пред ЕП, а таму е во група со Црна Гора, Швајцарија и Фарски Острови.

























