Машката кадетска репрезентација на Македонија денеска ќе има собир за пријателскиот двомеч во ЕХФ неделата против Црна Гора.
Кузманоски повика 18 ракометари за оваа јануарска акција, а сите се од домашниот шампионат.
Македонија во оваа ЕХФ недела ќе одигра две пријателски средби против селекцијата на Црна Гора, која ќе допатува во Скопје.
Собирот е денеска од 17:30 часот во СЦ „Јане Сандански“, а натпреварите се закажани на 4 и 5 јануари.
Овие два меча се дел од подготовките за претстојното Европското првенство во Србија на лето.


























