Селекторот на машката репрезентација на Унгарија, Чема Родригез, остана без еден од главните адути на претстојното Европско првенство во Данска, Шведска и Норвешка.
Десното крило на Кил, Имре Бенце, нема да може да му се стави на располагање на Родригез, бидејќи има повреда на мускулот.
Имре се повреди на мечот со Штутгарт од Бундес лигата на 10 декември, но иако не се работи за сериозна повреда, нејзината природа е таква ако се влоши, Унгарецот ќе ја заврши сезоната предвреме.
Родригез на десната крилна позиција ги има уште Педро Алварез и Жолт Краковски, па веројатно нема да повикува нов ракометар.
Унгарија ќе игра во група со Исланд, Италија и Полска, па не би требало да има големи проблеми околу пласманот во главната рунда на ЕП.


























