Гонзалез повика двајца нови ракометари во српскиот состав

Селекторот на Србија, Раул Гонзалез, дополнително повика уште двајца ракометари за подготвителниот период пред ЕП.

Станува збор за кружниот напаѓач Иван Мичиќ, кој игра во одлична форма во дресот на српскиот првак Партизан, како и за левиот бек од Војводина, Војин Чабрило.

Мичиќ ќе биде дел од квартетот со Мијајло Марсениќ, Драган Пешмалбек и Марко Јевтиќ, додека Чабрило ќе ја пополни левата бековска позиција откако отпадна Милош Кос поради повреда.

Србија ќе се подготвува во Стара Пазова во текот на целиот период, а ќе одигра две пријателски средби со Полска зад затворени врати.

Северниот сосед на Македонија ќе игра во групата А во „Јуксе Банк Боксен“ во Хернинг заедно со Германија, Шпанија и Австрија.