Десниот бек на Охрид, Никола Шипинкоски, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на 18. коло од Супер машката лига.
Шипинкоски беше меѓу најдобрите поединци на гостинскиот натпревар против Радовиш и меѓу најзаслужните за триумфот.
Тој освои 33% од гласовите на анкетата, додека второпласиран беше Александар Стојков, кој освои 23% од гласовите.
Номинирани за МВП на 18. коло од Супер машката лига беа уште и Никола Ристески, Сеид Хеидарирад, Мохамед Азиз, Виктор Јанковски и Марко Митев.

























