Португалија без првиот голман против Македонија на ЕП!

Голманот на Порто, Диого Маркес Рема, нема да настапи на Европското првенство во дресот на Португалија.

Тој ги скина предните вкрстени лигаменти во левото колено на мечот против Спортинг Лисабон, беше успешно опериран и за него оваа сезона е завршена, пишува „О Жого“.

Селекторот Пауло Переира веројатно нема да смета ниту на голманот на Вардар, Мигел Еспиња, па главен меѓу стативите треба да биде голманот на Бенфика, Густаво Капдевил.

На поширокиот список се уште Диого Валерио од грчкиот Олимпијакос и Педро Гашпар од шпанската Куенка.

Португалија е во групата Б на ЕП заедно со Македонија, домаќинот Данска и Романија, а мечот против нашата селекција е закажан за 18 јануари од 18:00 часот.