Најдобрата руска ракометарка, Ана Вјахирева, по две сезони на лето ќе си замине од францускиот Брест Бретањ и се враќа во Скандинавија. Нејзин нов клуб е данскиот Оденсе, со кој потпиша договор на две сезони.
Некогашниот ракометар на Тиквеш, кружниот напаѓач Никола Стефановиќ, би можел да си замине од Рибница на лето и да се пресели во големиот конкурент од словенечкиот шампионат, Горење Велење.
Вецлар го избра наследникот на Момир Илиќ на клупата, кој ќе треба да го спаси клубот од испаѓање од Бундес лигата, а станува збор за исландскиот стратег Рунар Сигтругсон, кој го водеше Лајпциг минатата сезона.
Данскиот десен бек Николај Ендерлеит ќе продолжи да настапува за бундеслигашот Мелсунген, откако ја продолжи соработката со тимот на Роберто Гарсија Парондо за уште една сезона и ќе остане најмалку до 2027 година.