„Рибарите“ со најдобрите на ЕП – ќе играат Смарасон, Магнусон, Кристјансон, Халгримсон….

Селекторот на машката репрезентација на Исланд, Снори Гудјонсон, го објави списокот на ракометари за Европското првенство во Данска, Шведска и Норвешка.

Гудјонсон реши да ги изостави левото крило Стивен Валенсија од Бенфика и десното крило Сигвалди Гудјонсон од Колстад, а шанса ќе добијат Торкелсон од Спортинг и Рикардсон од Кадетен, кои играат во одлична форма.

На голманската позиција ќе бидат ветеранот Густавсон и младиот Халгримсон, а во бековкската линија ќе доминираат двоецот од Магдебург, Кристјансон и Магнусон.

Исланд е во група со Унгарија, Италија и Полска, а пред ЕП ќе одигра две пријателски натпревари против Словенија, односно Австрија или Франција.