Романците отворија карти – еве со каков состав патуваат на ЕП и на дуел со Македонија

Селекторот на машката репрезентација на Романија, Георге Буричеа, го објавви скратениот список на ракометари пред настапот на Европското првенство во Данска, Шведска и Норвешка.

Иако овој список е најавен за подготвителниот период на репрезентацијата од 19 до 23 декември, јасно е дека нема да претрпи големи промени пред ЕП.

Евентуално ќе се приклучат Дан Ракотеа од полскиот Азоти Пулави, потоа двоецот од Партизан, Ливиу Каба и Габриел Илие…но на ЕП нема да игра десниот бек и можеби најдобриот романски играч во моментов, Демис Григорас, кој скина лигаменти.

Момците на Буричеа ќе одиграат три пријателски натпревари пред ЕП против селекциите на Италија (еден) и Унгарија (два), сите на гостински терен.

Романија третиот ривал во групата на Македонија на ЕП, покрај домаќинот Данска и Португалија.