МВП НА 17. КОЛО ОД СУПЕР МАШКАТА ЛИГА – ПЕТАР ЦВЕТКОВСКИ (ТИКВЕШ)

Средниот бек на Тиквеш, Петар Цветковски, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на 17. коло од Супер машката лига.

Цветковски беше меѓу најдобрите поединци на домашниот натпревар против Еурофарм Пелистер 2 и меѓу најзаслужните за триумфот со осум погодоци, сите од пенал.

Тој освои 43% од гласовите на анкетата, додека второпласиран беше Димитар Димитриоски, кој освои 40% од гласовите.

Номинирани за МВП на 17. коло од Супер машката лига беа уште и Александар Петковски, Стефан Петриќ, Филип Николов, Кристијан Пилиповиќ и Кристијан Анастасовски.