Германија со четворица дебитанти и само еден „странец“ на ЕП!

Селекторот на машката репрезентација на Германија, Алфред Гисласон, го објави скратениот список на ракометари на кои ќе смета за Европското првенство во Данска, Шведска и Норвешка.

Дури 11 ракометари од составот што освои бронза на ОИ 2024 ќе бидат дел од составот што ќе биде предводен од Андреас Вулф од Кил и капитенот Јоханес Гола од Фленсбург.

Од сите 18 ракометари што се на списокот на Гисласон, само еден игра надвор од Германија, а тоа е централниот бек Јури Кнор, кој е дел од данскиот Алборг.

Искусниот Руне Дамке доби предност пред Тим Фрајхофер на левата крилна позиција, додека Гисласон повика и четворица дебитанти на големите натпреварувања.

Тоа се Том Кислер, Миро Шурлоф како и Матис Хаселер, тројцата од Гумерсбах, кој игра одлично во Бундес лигата.

Пивотот на Хановер, Јустус Фиер е повреден, но Гисласон верува дека ќе биде подготвен за настап на ЕП. Германија ќе тестира двапати со Хрватска, на 8 и 11 јануари, а на континенталниот собир ќе игра против Австрија, Шпанија и Србија.