МВП НА 16. КОЛО ОД СУПЕР МАШКАТА ЛИГА – ТОДОР УЗУНЧЕВ (БУТЕЛ СКОПЈЕ)

Левиот бек на Бутел Скопје, Тодор Узунчев, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на 16. коло од Супер машката лига.

Поранешниот младински репрезентативец беше меѓу најдобрите поединци на гостувањето кај Еурофарм Пелистер 2 и меѓу најзаслужните за важниот бод во Битола.

Тој освои 48% од гласовите на анкетата, додека второпласиран беше голманот Сеид Хеидарирад, кој освои 20% од гласовите.

Номинирани за МВП на 16. коло од Супер машката лига беа уште и Давор Палевски, Давид Савревски, Петар Маркоски, Наум Костов и Тоше Ончев.