Пред конгресот на ИХФ: Франција објави дека ќе гласа за Хасан Мустафа!

Пред претстојните избори во ИХФ на 19 декември во Каиро, претседателот на француската ракометна федерација, Филип Бана, јасно ја соопшти својата одлука: Франција ќе даде глас за раководството на Хасан Мустафа!

„Мустафа е најдобриот кандидат“, изјави Бана во интервју за GoHandball – и ги кажа аргументите: континуитет, стабилност и искуство. Но, ова јавно соопштение предизвика широк одек, откако Мустафа е под сомнение за стилот на владеење и за многубројни критики поврзани со транспарентност.

Инаку, Бана е кандидат за прв потпретседател на ИХФ, што според многумина е причината за неговата одлука за поддршката на Мустафа, и може да влијае на неговата шанса за избор на позицијата за која се надева.

Во светло на дискусиите за иднината на ракометот, оваа одлука ја отвори дебатата дали ИХФ ќе продолжи по пат на конзервативна „стабилност“ или ќе тргне кон потребни реформи и обнова.

Другите кандидати што ќе му се спротивстават на Хасан Мустафа на изборите за претседател на ИХФ се:
* Фрањо Бобинец – кандидат од Словенија
* Герд Буцек – кандидат од Германија
* Тјарк де Ланге – кандидат од Холандија