Второ славје за Јехона

Дебитантот во Првата женска лига, Јехона, ја запиша својата втора сезонска победа, триумфирајќи повторно над екипата на Шампион со резултат 24-16.

Во првиот дел се играше израмнето, а избраничките на Фари Селмани на паузата имаа минимално водство 9-8.

Клучниот предност гостиварчанки ја направија во второто полувреме, во кое Шампион не можеше да го следи темпото, па Јехона стигна до убедлив триумф.

Најефикасни во победничкиот тим беа Алтина Хасани со осум гола и Бленда Абдулаи со седум, додека кај Шампион се истакна Катја Маркоска со шест погодоци.