ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Чупиќ и Лазаров отворија карти – еве кои ракометари ќе играат на дербито

Денеска се игра дерби двобојот меѓу Вардар и „сино-белиот“ тим од Автокоманда, досега непоразени во суперлигашкото друштво.

Домашниот стратег Иван Чупиќ не може да смета на повредените на Лазаревски, Еспиња, Стаменковиќ, Кеита…a Кавада и Пинто отпаднаа поради лимитот за странци.

Гостинскиот тренер Кирил Лазаров не може да смета на повредените Борзаш и Костески, а од комбинација отпаднаа Иваноски, Трајкоски, Петковски, Николовски и Симоноски.

Натпреварот меѓу Вардар и тимот на Лазаров се игра вечерва во СЦ „Јане Сандански“ со почеток од 18:30 часот.

Домашни: Богдановски, Стојановски, Боно, Георгиевски, Митровиќ, Танкоски, Марчињак, Тузолана, Горига, Валах, Анастасовски, Малус, Ќосевски, Јанковски, Борозан, Гогов.

Гости: Кизиќ, Џонов, Тордарсон, Маркоски, Серафимов, Карасманакис, Митев М., Стојковиќ, Ѓорѓиев, Галевски, Велковски, Ивановски, Костески, Митев Д., Аларов, Ѓорговски.