Македонскиот шампион Ѓорче Петров ќе има тешка задача пред себе да надомести негатива од три гола против шпанскиот Елче во реванш натпреварот од третото коло во ЕХФ Европскиот Куп.
„Лавиците“ со лошиот финиш загубија до 19-16 од Елче во првата средба, а тренерот Симе Симовски го одреди составот за реванш пресметката.
Тој ќе смета на истите ракометарки што настапија на првата средба, а сега ќе имаат голем предизвик пред себе да покажат подобра партија и да се пласираат во осминафиналето.
Во шпанскиот тим исто така нема промени во ростерот. Натпреварот меѓу Ѓорче Петров и Елче се игра од 12:00 часот во СЦ „Јане Сандански“.

























