Дуелот меѓу досега непоразените екипи Вардар и „сино-белиот“ тим од Автокоманда ќе биде денеска во центарот на вниманието на македонската јавност.
Натпреварот доаѓа во незгодно време за Вардар пред утрешниот пат за Шведска и дуелот со Кристијанштад, но „црвено-црните“ сигурно ќе сакаат со максимален биланс да го завршат првиот дел од сезоната.
Покрај овој дуел во Супер лигата, вечерва има уште еден натпревар во Кавадарци, каде Бутел Скопје ќе му гостува на залетаниот Тиквеш.
Има и натпревари од Супер машката, Супер женската и Првата женска лига, па ќе биде уште еден богат ден со ракометни натпревари.
Македонскиот првак Ѓорче Петров денеска го игра реваншот од третото коло во ЕХФ Европскиот Куп против шпанскиот Елче. По вчерашниот пораз од три гола со 19-16, по лошиот финиш, денеска „лавиците“ ќе мора да бидат многу подобри и да бркаат триумф од најмалку четири погодоци за да се пласираат во осминафиналето.
Овој дуел е закажан за 12:00 часот во СЦ „Јане Сандански“.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
18:30 ВАРДАР – АЛКАЛОИД (МАКЕДОНИЈА)
20:00 ТИКВЕШ – БУТЕЛ СКОПЈЕ (МАКЕДОНИЈА)
12:00 ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – ЕЛЧЕ (ЕХФ ЕВРОПСКИ КУП)
14:00 ТЕКСТИЛЕЦ – МЛАДОСТ БОГДАНЦИ (МАКЕДОНИЈА)
15:00 СТРУЖАНКА – ЈЕХОНА (МАКЕДОНИЈА)
16:30 ШАМПИОН – ОВЧЕ ПОЛЕ (МАКЕДОНИЈА)
18:00 СПАРТАК – АСТИБО (МАКЕДОНИЈА)
18:30 АЕОРДРОМ – МАКЕДОНИЈА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ (МАКЕДОНИЈА)

























