Норвешки арбитри за „мечот на неделата“ меѓу Еурофарм Пелистер и ПИК Сегед од ЛШ

Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од 7 коло во Лигата на шампионите.

Македонскиот првак Еурофарм Пелистер го пречекува ПИК Сегед во значаен натпревар, а ЕХФ делегираше норвешки судии за „мечот на неделата“.

Станува збор за искусните Ларс Јорум и Хавард Клевен, додека делегат ќе биде Јован Попадиќ од Србија.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и ПИК Сегед ќе се игра на 12 ноември од 20:45 часот во салата „Боро Чурлевски“.