Бојаниќ: Против Пролет да ја продолжиме победничката низа

Ракометарите на Охрид пред дерби дуелот со „сино-белите“ од Автокоманда на домашен терен ќе го одиграат мечот со Пролет.

Охрид е во серија од четири победи против гостинскиот тим во официјалните средби на домашен терен, а Пролет последен пат славел на ова тешко гостување уште во 2021 година, кога беше 22-21.

Кружниот напаѓач Владимир Бојаниќ вели дека тој и соиграчите се подготвени и со максимален фокус посакува продолжување на победничката низа.

„Пролет е една искусна екипа која знаеше да не изненади во претходните години. Максимално сме фокусирани да одиграме најдобро што можеме и да ја продолжиме победничката низа“, изјави Бојаниќ.

Натпреварот меѓу Охрид и Пролет е закажан за утре од 19:00 часот во СРЦ „Билјанини Извори“.