ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Стартува ново прволигашко коло, настапи за Седлоска, Младеновиќ, Димитриевски…

Денеска со натпреварот во салата „Младост“ во Гостивар меѓу Јехона и „витамините“ од Автокоманда стартува новото прволигашко коло.

Гостите кои досега запишаа само еден пораз, се фаворити на овој двобој и со триумф ќе ја продолжат битката за прволигашкиот врв.

Покрај овој натпревар во Првата лига, денеска во центарот на вниманието на македонската јавност ќе бидат и настапите на интернационалците низ Европа – Арсеновски, Павлов, Димитриевски, Седлоска, Младеновиќ…

Во соседна Србија денеска се игра и големото дерби меѓу шампионот Партизан и вицешампионот Војводина.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

20:30 ЈЕХОНА – МУЛТИ ЕСЕНС (МАКЕДОНИЈА)
19:00 БАРНБАХ – ХОЛАБРУН (АВСТРИЈА)
19:30 СИЊ – ЛОКОМОТИВА ЗАГРЕБ (ХРВАТСКА)
20:15 ПАРТИЗАН – ВОЈВОДИНА (СРБИЈА)
20:30 АЛИКАНТЕ – КАНГАС (ШПАНИЈА)
20:30 ФРОНТИЊАН – КРЕТЕЈ (ФРАНЦИЈА