Популарни цени на билетите за двобојот меѓу Вардар и тимот на Лазаров

Тимот на Вардар од денеска официјално ги пушти во продажба билетите за двобојот на непоразените од Супер лига против тимот на Кирил Лазаров.

Дербито меѓу двата тима е закажано за 9 ноември (недела) со почеток во 18:30 часот во СЦ „Јане Сандански“.

Интересот кај љубителите на ракометот за овој меч е голем, а организаторот Вардар одреди популарни цели за билетите – од 200, 250 и 300 денари, зависно од местата на седење во салата.

Продажбата на билетите се одвива онлајн ТУКА, како и на билетарницата во салата „Јане Сандански“, секој работен ден во периодот од 10:00 до 18:00 часот.