МВП НА 7. КОЛО ОД СУПЕР МАШКАТА ЛИГА – ФИЛИП МЕЧКАРОСКИ (СТРУГА)

Левиот бек на Струга, Филип Мечкароски, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на 7. коло од Супер машката лига.

Мечкароски имаше 12 реализации на мечот со Струга и беше меѓу најзаслужните за триумфот на неговиот тим.

Тој освои 65% од гласовите на анкетата, додека второпласиран беше членот на Еурофарм Пелистер 2, Мартин Јовановски, освои 15% од гласовите.

Номинирани за МВП на 7. коло од Супер машката лига беа Домен Тајник, Петар Атанасијевиќ, Урош Митровиќ, Ненад Костески и Николаос Лиапис.