Денеска во центарот на вниманието ќе биде вториот натпревар од квалификациите за ЕП 2026 меѓу Македонија и Словенија.
Во салата „Боро Чурлевски“ во Битола, избраничките на Кристијан Грчевски ќе се обидат да прикажат подобра игра од гостувањето во Германија.
Словенките ќе настапат ослабени, без Тјаша Станко и Нина Зулиќ, но и натаму се фаворитки во натпреварот со Македонија.
Сепак атмосферата што ќе ја направат навивачите во Битола, би требало да биде дополнителен мотив за нашите ракометарки да го извадат најдоброто од себе.
Натпреварот меѓу Македонија и Словенија ќе стартува од 18:00 часот, а на домашната сцена има уште една прволигашка средба меѓу Македонија Ѓорче Петров и Текстилец.
Низ Европа се играат квалификации за ЕП 2026 кај дамите, како и реванш средби од второто коло од ЕХФ Европскиот Куп.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
18:00 МАКЕДОНИЈА – СЛОВЕНИЈА (КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП)
19:00 МАКЕДОНИЈА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – ТЕКСТИЛЕЦ (МАКЕДОНИЈА)