Денеска во центарот на вниманието во Македонија ќе бидат суперлигашките пресметки во Битола, Прилеп и Скопје.
Братскиот двобој е на програмата во Битола од 13:00 часот пред ракометниот караван на РФМ, а потоа од 18:30 часот во соседниот Прилеп ќе гостува Охрид.
„Сино-белите“ од Автокоманда ќе играат на гости кај Пролет, а покрај суперлигашките дуели ќе има и прволигашко дерби.
Во Неготино кај Вардар ќе дојде амбициозниот Драчево Јуниор, кој досега нема загубено бод во прволигашката конкуренција, додека Овче Поле ќе ја пречека Јехона.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
13:00 ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР
18:30 ВАРДАР НЕГОТИНО – ДРАЧЕВО ЈУНИОР
18:30 ОВЧЕ ПОЛЕ – ЈЕХОНА
18:30 ПРИЛЕП – ОХРИД
20:00 ПРОЛЕТ – АЛКАЛОИД