Најголемиот фаворит за првото место во групата на Вардар во ЛЕ, францускиот Тулуз, доби голем шок на стартот.
Шведскиот Кристијанштад славеше на гостински терен со 30-28, откако во текот на мечот имаше и водство од седум гола.
Премалку за Тулуз беше одличната партија на Немања Илиќ кој даде десет гола, а преводник на шведскиот клуб беше Аксел Мансон со девет погодоци.
Нексе Нашице неочекувано убедливо го победи српскиот првак Партизан со дури осум голови, 30-22! Иако сите мислеа дека овој дуел ќе донесе големи возбудувања, немаше ништо од тоа на теренот во Нашице.
Фленсбург се помачи, но го победи Сен Рафаел, а словенечкиот првак Слован Љубљана исто така имаше победнички старт во новата сезона од ЛЕ.
Лига на Европа, 1 коло:
ФЕРЕНЦВАРОШ – КАРЛСКРОНА 31-29
ФРЕДЕРИЦИЈА – ХАНОВЕР 29-31
ВАРДАР – СЕСВЕТЕ 34-29
МОНПЕЛЈЕ – КИЛ 28-30
КАДЕТЕН – АДЕМАР ЛЕОН 30-22
МЕЛСУНГЕН – БЕНФИКА 28-26
ПОТАИСА ТУРДА – БИДАСОА ИРУН 33-34
ТАТРАН ПРЕШОВ – САВЕХОФ 30-30
ЕЛВЕРУМ – ЛУЦЕРН КРИЕНС 31-34
ФЛЕНСБУРГ – СЕН РАФАЕЛ 32-30
ФРАМ – ПОРТО 26-38
ГРАНОЉЕРС – СКАНДЕРБОРГ 26-31
НЕКСЕ – ПАРТИЗАН 30-22
ОСТРОВИЈА – БЕРН МУРИ 32-28
СЛОВАН ЉУБЉАНА – БАЈА МАРЕ 35-29
ТУЛУЗ – КРИСТИЈАНШТАД 28-30