Ракометарките на Металург Автокоманда славеа рутински на гостувањето кај Пелистер во Битола со 29-18.
Јулијана Дамчевска се реши да одмори дел од првотимките за дербито со Ѓорче Петров в сабота, па им даде шанса на сестрите Ања и Мила Лашкоски, како и МВП од пионерскиот Ф4 минатата сезона, Евгенија Смиљковска.
На полувремето беше 14-8 за скопскиот тим, а вториот дел беше само рутински одработен и немаше никаква неизвесност.
Предводнички во победата беа Јана Ѓошевска со шест и Таида Беровиќ со пет погодоци, додека во редовите на домаќинките се истакна Анастасија Тодоровска со 12 гола.
Во следното коло Пелистер гостува кај Вардар, додека Металург Автокоманда во дербито ќе го пречека шампионот Ѓорче Петров.