Историски момент: Деби за Митревски и Тодоровски, Македонија со два пара на ЕП 2026!

Европската ракометна федерација ги објави судиите што ќе ги судат натпреварите на Европското првенство во Данска, Шведска и Норвешка.

На ЕП ќе има историски момент за Македонија, односно за македонските судии, бидејќи два пара ќе делат правда на континенталниот собир.

Деби на големите натпреварувања во сениорска конкуренција ќе имаат Димитар Митревски и Благојче Тодоровски, а номинирани стандардно се Славе Николов и Ѓорѓи Начевски.

ЕХФ номинираше вкупно 18 судиски двојки од цела Европа, а само Шпанија и Македонија имаат по два пара.

ЕП 2026 ќе се игра во Хернинг, Осло, Малме и Кристијанштад од 15 до 1 февруари 2026 година.

ЕП 2026, судии:

Kоњичанин/Коњичанин (Босна и Херцеговина)
Хорачек/Новотни (Чешка)
Хансен/Мадсен (Данска)
Алварез/Бустаманте (Шпанија)
Марин/Гарсија (Шпанија)
Шулце/Тониес (Германија)
Биро/Киш (Унгарија)
Елијасон/Палсон (Исланд)
Барисас/Петрусис (Литванија)
Ковалчук/Ковалчук (Молдавија)
Митревски/Тодоровски (Македонија)
Николов/Начевски (Македонија)
Павичевиќ/Ражнатовиќ (Црна Гора)
Јорум/Клевен (Норвешка)
Акото Мартинс/Акото Мартинс (Португалија)
Лах/Сок (Словенија)
Куртагиќ/Ветервик (Шведска)
Ердоган/Оздениз (Турција)