Охрид се раздели со Гал Цирар

Словенечкиот интернационалец Гал Цирар од денеска не е повеќе член на амбициозниот Охрид.

Клубот информираше дека спогодбено е раскинат договорот со десното крило кој важеше до крајот на оваа сезона.

„ГРК Охрид ја известува јавноста дека спогодбено го раскина договорот со словенечкиот интернационалец Гал Цирар кој неколку сезони успешно го носеше дресот на нашиот клуб. Му благодариме на Цирар за се што направи за ГРК Охрид и му посакуваме успех во неговата натамошна кариера“, се вели во клупската објава.

Цирар дојде во Охрид пред три сезони од редовите на Јерусалем Ормож, каде беше меѓу најдобрите стрелци и остави одличен впечаток со настапите, но имаше лимитирана минутажа по доаѓањето на Дарко Ѓукиќ.