Куманово остана без тренер – Станковски си даде оставка

Аце Станковски повеќе не е прв тренер на МРК Куманово, откако поднесе оставка од кормилото на македонскиот суперлигаш.

По заминувањето на Станковски, управата на клубот одлучи привремено да ја довери позицијата на Љубиша Димковски, кој добро им е познат на кумановските љубители на ракометот. Минатата сезона тој го водеше тимот во клучниот период и успеа да обезбеди опстанок во најсилното домашно натпреварување.

Куманово нанижа четири порази по ред во првенството, што беше причина управата да реагира и да направи промена со која би се „разбудил“ тимот.

Од клубот изразија благодарност до Аце Станковски за досегашната соработка, професионалноста и ангажманот кој го вложи во својата работа, и му посакаа многу успех во понатамошната тренерска кариера.