ТРИ ЅВЕЗДИ НА 3. КОЛО ОД СУПЕР ЖЕНСКАТА ЛИГА (АНКЕТА)

Специјализираниот портал за ракомет, 24Ракомет, сезонава повторно избира „Ѕвезда на колото“ во Супер женската лига.

Читателите ќе имаат можност да ја изберат ракометарката што најмногу покажала во колото што е завршено и да биде избрана за „Ѕвезда на колото“.

На крајот од сезоната ќе има избор и на Идеален тим на сезоната, што по четврти пат ќе биде направен во првенството на Македонија.

Читателите ќе може да гласаат за една од ракометарките, и според освоените гласови една од номинираните ќе го понесе и епитетот „Ѕвезда на колото“.

Со помош на вашите гласови ќе ја одбереме најдобрата ракометарка, која ќе биде ѕвезда, односно МВП на 3. коло од Супер женската лига.

Во изборот за ѕвезда на 3. коло има по една ракометарка од Астибо, Meталург Автокоманда и Чаир.

За ѕвезда на колото може да гласате до недела до 12:00 часот.

Супер женска лига, 3. коло, резултати:

АСТИБО – ПЕЛИСТЕР 21-20 (ИЗВЕШТАЈ)
МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА – КУМАНОВО 37-18 (ИЗВЕШТАЈ)
ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – ЧАИР 26-28 (ИЗВЕШТАЈ)
ВАРДАР – СПАРТАК 29-26 (ИЗВЕШТАЈ)

СПОРЕД ВАС КОЈА Е НАЈКОРИСНА РАКОМЕТАРКА НА 3. КОЛО ВО ЖЕНСКАТА СУПЕР ЛИГА?

Кристина Младеновска Кузмановска - Астибо
79.29%
Марија Николовска - Чаир
15.67%
Марија Јанкуловска - Металург Автокоманда
5.04%

ТРИ ЅВЕЗДИ НА 3. КОЛО ОД СУПЕР ЖЕНСКАТА ЛИГА

Марија Николовска (Чаир) – Повратничката во Чаир покажа дека ќе биде лидер оваа сезона и беше меѓу најдобрите на мечот со шампионот.

Кристина Младеновска Кузмановска (Астибо) – Искусната голманка беше меѓу најдобрите во триумфот над Пелистер.

Марија Јанкуловска (Металург Автокоманда) – Македонската репрезентативка беше најдобар стрелец против Куманово.