Денеска низ европските терени ќе бидат одиграни четири натпревари и ќе се комплетира третото коло во Лигата на шампионите.
Во најинтересниот натпревар германскиот првак Фуксе Берлин му гостува на Келце во меч што ќе го судат Славе Николов и Ѓорѓи Начевски.
Кај Загреб, кој нема победа по две кола, ќе гостува каталонскиот гигант Барселона, додека европскиот првак Магдебург ја чека Висла Плоцк.
Унгарскиот вицепрвак ПИК Сегед ќе има тешка задача на домашен терен и ќе игра со ПСЖ, кој се уште не игра во најдобра форма оваа сезона.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
18:45 КЕЛЦЕ – ФУКСЕ БЕРЛИН
18:45 ЗАГРЕБ – БАРСЕЛОНА
18:45 ПИК СЕГЕД – ПСЖ
20:45 МАГДЕБУРГ – ВИСЛА ПЛОЦК