„Октоподот“ Биоска запиша 19 одбрани – Колстад доживеа дебакл во Нант!

Тимот на Нант ја оствари првата победа во новата сезона од Лигата на шампионите, откако го совлада норвешкиот првак Колстад со 15 голови разлика, 39-24.

Најголемата заслуга за убедливиот триумф оди на адреса на шпанскиот чувар на мрежата, Игнасио Биоска, кој успеа да запре дури 19 удари на норвешкиот тим.

По првиот дел беше 21-13 и оттогаш стана јасно дека ова ќе биде игра на „мачка и глушец“ до крајот на натпреварот.

Најдобар стрелец кај победникот беше Мин со осум гола, а Турна даде шест, додека кај Колстад, Сондеа постигна четири погодоци, а Јепсон погоди само еднаш од 12 обиди!